Компанијата е основана во Чачак пред 16 години и горди сме што сме предводници на ИТ-децентрализацијата во Србија, со отворени 7 канцеларии ширум земјата.
Денес, нашиот меѓународен тим брои преку 500 експерти кои работат од 13 развојни центри и 7 различни земји.
посветени професионалци
успешни проекти
активни проекти годишно
години искуство
канцеларии
земји
Промената е единствената константа и ние сме целосно подготвени да ја прифатиме.
Забрзаната дигитализација во светот диктира нови начини - од водење бизнис до секојдневни навики, носејќи промени во однесувањата, перцепциите и очекувањата на луѓето.
Со соодветно знаење и добро координиран тим, технологијата ни дава многу можности да ги правиме работите попаметно – поефикасни и посреќни.
Посветени сме постојано да се подобруваме, да растеме посилни и постојано да учиме.
Преку градењето темели за одржлив и иновативен развој, се стремиме да создадеме препознатливи достигнувања и цел во животот за сите луѓе во компанијата, клиентите, засегнатите страни и заедницата.
Создавател на интерно знаење, вештини и идеи кои водат до создавање вредност и исчекор во ерата на дигитализацијата. Создаваме средина која охрабрува квалитетни и иновативни пристапи до дигиталните предизвици.
Се фокусираме на подобрување на дигиталниот свет со тоа што се надградуваме.
Технологијата е најдобрата платформа за човековите идеи и потреби.
Квантен скок во создавањето разлика.
Градењето експертски тимови во рамките на една компанија е нашата моќ со која бизнис-идеите ги претвораме во финални врвни дигитални производи и доживувања кои создаваат значајна и мерлива вредност за нашите клиенти и корисници.
Целосно изградената инфраструктура во длабинското знаење е цврста основа за градење силни партнерства со нашите клиенти, обезбедување ИТ-поддршка од 360° и справување со разните видови предизвици кои ги носи дигитализацијата.
Докажавме дека вистински партнер значи многу повеќе од само завршена работа.
Докажавме дека дигитален партнер на кој може да се потпрете е тоа што ја прави вистинската разлика.
Без разлика дали се работи за старт-ап, мал бизнис или етаблирана компанија, нашата перспектива е секогаш на место.
Со нашиот фокус на квалитет, ефективност на трошоци и стратешки пристап, Вашиот бизнис ќе расте и ќе бележи одлични резултати.
Си ја обожаваме работата.
Во Quantox, го зграпчуваме предизвикот, гаѓаме во сржта и остваруваме.
Со водечката технологија како алатка и нашите луѓе како најголемата движечка сила веруваме во создавањето напредни резултати – преку здружувањето на технологијата, креативноста и анализата на податоци со темелен пристап.
Спојувањето на пасијата за веб-програмирање со квалитативните увиди и јасната цел ни овозможува подобро да ги разбереме нашите клиенти и корисници, како и да ја отклучиме креативноста при испорачувањето иновации.
Посветено даваме целосна поддршка на нашите луѓе, внимателно ги слушаме и ги цениме нивните достигнувања.
Со преку 500 вработени, заедно напредуваме со големи чекори кон неоткриеното и секој еден проект го негуваме со транспарентна комуникација и професионален пристап.
Quantox расте и еволура со секој еден член на нашата екипа, ценејќи ја разноликоста во отворена и пријателска атмосфера.
Со моќна тимска поддршка, секогаш имате потпора и можност за напредок.
• Тимски играчи
• Искусни колеги
• Технолошки лидери
• Проактивен став
• Агилен пристап
• Насоченост кон решавање проблеми
Храбри сме и имаме страст да напредуваме и да ги поместуваме границите, знаеме како да уживаме и славиме, да се забавуваме и да се смееме заедно.
Трудољубиви
Одговорни
Посветени
Проактивни
Срдечни
Отворени
Вистински посветени еден на друг, се охрабруваме и си помагаме за секој од нас да биде подобар со секој изминат ден.
Во Quantox веруваме во бескрајно учење, ги вреднуваме достигнувањата и поддршката што даваат ветер во грбот.
Даваме слобода и градиме одговорност.
Споделуваме знаење и шириме експертиза.
Обезбедуваме поддршка и развиваме иницијатива.
Бидете подготвени за вистински бизнис-предизвици во брзоеволуирачката индустрија.
Станете вистински професионалец кој создава разлика.
Изградете вистински вештини. Ова е за Вас.
Стекнете знаење, вештини и работен став што се вреднува.
Нашата менторска програма е посебно дизајнирана да открива таленти и да ги води практикантите да го постигнат нивниот целосен потенцијал.
За секое ниво на компетенција за разновидните работни позиции се нуди можност да се напредува.
Секоја личност има можност да учи, расте и постојано да ги проширува своите перспективи.
Динамична работна средина, хибридно работење, работа од далечина и славење… начинот на кој работиме се менува, но целите се јасни: цврста комуникација и посветеност.
Внимателно осмислени пакети за вработените, волонтерски тимски активности и разни работни простори – од нашите 13 канцеларии до Вашиот дом или во природа – одберете ја средината која Ви одговара и останете поврзани со тимот.
За нас, луѓето се најважни и секогаш одиме чекор подалеку со цел сите вработени да се чувствуваат задоволно и мотивирано.
Секогаш може да закажете состанок или да контактирате со тимот за човечки ресурси за подобро да нѐ запознаете.
Редовно организираме #ОтворениДенови на кои сте добредојдени да ја почувствувате атмосферата и да се запознаете со Quantox.