Quantox Technology

Дигитални решенија за новата ера

Го зграпчуваме предизвикот, гаѓаме во сржта и остваруваме.
Собираме знаење, вештини и нови идеи за да го поттикнеме светот на дигитализацијата.

Индустрии

Пасијата и растот во Quantox се водени од идејата за спојување на знаење од ИТ и бизнис со една цел - создавање врвни софтверски решенија за нашите клиенти.
Со повеќе од 160 успешни проекти зад нас и повеќе од 500 вработени професионалци, ние сме подготвени да се соочиме со кој било дигитален предизвик и да бидеме Ваш партнер во создавањето разлика.

Предизвиците создаваат можности

Брзата дигитализација создава силна конкуренција и клиенти со сѐ повеќе барања и високи очекувања.

Маркетиншките епохални откритија и задоволните корисници се достапни со цврста стратегија и паметни, дигитални софтверски решенија со мал трошок.

Партнерството со експертски тим е императив за модерниот бизнис.

Со сигурен партнер, напредокот и носењето одлуки се доста полесни, поефикасни, а Вашиот бизнис е оснажен!

Меѓународниот тим на Quantox, составен од посветени професионалци кои работат во локални временски зони, е силна потпора во остварувањето на посакуваните цели.

Персонализирано дигитално патување

Со секој проект, нашиот тим има можност да ги продлабочи своите компетенции за проекти од различни области.

Стекнатото искуство од различни индустрии ни дава поширока перспектива за многуте дигитални предизвици – од технолошки функции до управување на односот со корисниците.

Домен на експертиза

• Дигитален маркетинг
• Однос со корисници (CRM) и управување со содржини (CMS)
• Финтек (банкарство, осигурување, консалтинг, е-комерција, фактурирање)
• Блокчејн
• Малопродажба
• Здравство
• Угостителство
• Автомобилизам
• Групно финансирање
• Социјални мрежи
• Дигитална забава

Решенија

Ги слушаме нашите корисници и клиенти

Во Quantox посветени сме на претворање бизнис-идеи во финални дигитални производи и доживувања кои создаваат нова вредност за нашите клиенти и корисници.

Различни корисници имаат потреба од уникатни дигитални искуства и производи кои им се блиски – корисни и добро дизајнирани.

Им помагаме на брендовите да ги оптимизираат, организираат и дигитално да ги трансформираат искуствата на клиентите, обезбедувајќи конкурентни дигитални производи и интегрирани доживувања со вредност во вистинско време.

Постигнуваме цели, а истовремено создаваме дополнителна вредност.

• Висококвалитетни дигитални производи
• Оптимизирани и персонализирани дигитални доживувања
• Глатки оперативни процеси со целосна поддршка
• Силна поддршка и отвореност за иновации

Поддржуваме брендови ширум светот

Од мобилни и веб-платформи до мултиплатформски апликации и комплетни системи за ИТ-поддршка, им помагаме на брендови ширум светот да ја исполнат и забрзаат својата мисија.

Со водечка технологија, посветени професионалци и докажано искуство со најмодерни дигитални решенија за локални и глобални брендови од повеќе од 15 земји, подготвени сме да се соочиме со секој дигитален предизвик.

Водечки групи на технологии

Посветени професионалци

Докажана експертиза

Технологија

Користиме модерни групи на технологии и во чекор сме со глобалните трендови.

Различни начини водат кон иста цел.

Развојот на технологијата се одвива брзо и ние треба да го следиме целиот тој напредок со доста разновиден тим кој ракува со групи на технологии и испорачува најоптимизирани резултати.

Со разновидни групи на технологии и докажано искуство со професионални решенија за локални и глобални брендови од повеќе од 20 индустрии, нашите експерти ќе ја употребат најсоодветната технологија со цел да ги задоволат Вашите потреби.

 

Backend

Frontend

Mobile

Оперативни чекори

Ги поврзуваме точките

Од самиот почеток, ги поврзуваме клучните точки низ процесот на создавање.

1. Креативни состаноци
2. Дефинирање модел на соработка
3. Формирање тим
4. Развој
5. Пуштање во употреба и одржување

Транспарентна комуникација

Соработката e клучна.

За да се оствари однос со придобивки за двете страни, постојат неколку значајни точки, а една од нив е транспарентноста.
Отворената комуникација за експертиза и ресурси ќе го забрзаат процесот кој води до успех.

КЛУЧНИ АСПЕКТИ

• Обем на работа кој го барате 
• Ниво на искуство на тимот програмери
• Расположливо време за управување со тим

По дефинирањето на основните аспекти, нашиот тим ќе го предложи најсоодветниот модел за бизнис-соработка.

Модели на соработка

Фиксна цена

Јасно дефиниран делокруг на проектни активности

Комплетно аутсорсирање

Нашиот тим ги презема сите проектни активности

Посветен тим

Нашиот тим исто така обезбедува одржување и поддршка по пуштањето на апликацијата во употреба

Тим за испорака

По пуштањето на производот во употреба, тимот преоѓа на следниот проект

Партнери и соработници

Здружени сили

Интерни експертски тимови, професионален пристап и сигурни партнери се нашиот темел за опипливи резултати.

Воспоставените стратешки партнерства со технолошки лидери ни даваат цврста основа за испорака на најдобрите можни решенија за нашите клиенти.

Веруваме во сеопфатен пристап насочен кон решавање проблеми комбиниран со знаење и водечка технологија и постојано се стремиме да понудиме паметни, оптимизирани и добро осмислени решенија и практики кои ќе донесат дополнителна вредност за нашите клиенти и корисници.

Понатаму, постојано сме во потрага по нови технологии и партнери да ни се придружат на оваа мисија да развиеме нови решенија и производи на пазарот.

Остваруваме

Од финансиска поддршка до насоки за водење бизнис – Quantox Accelerator е создаден за сите луѓе кои сакаат да направат скок во стартап-заедницата и да ја остварат својата идеја.

ПОВОЛНОСТИ

• Професионални насоки и менторска поддршка
• Специјализирана база на знаење за бизниси и стартапи
• Мрежа на контакти
• Финансиска поддршка

Патот од груба идеја до успешна приказна е долг. Знаеме како до побрзи решенија, но поважно е што знаеме да дадеме витална поддршка во овој процес на развој.

ПРОЦЕС

• ОТВОРЕН ПОВИК
• Презентација на идеи
• Избор на најдобрата идеја
• Развој и спроведување
• Партнери кои ќе се придружат
• ПУШТАЊЕ НА ПРОИЗВОД ВО УПОТРЕБА

Во време на брзи промени и силна конкуренција, подготвени сме да ја споделиме нашата енергија и да застанеме зад оние кои се храбри да направат нешто ново во дигиталниот свет. Дали си ТИ за ИТ?