Quantox Technology

Миграција во облак

Се подготвувате за облак?
Тогаш, потребен Ви е план.

Миграцијата во облак е процес на преместување дигитални бизнис-операции во облакот. Можеби звучи едноставно, но верувајте ни дека потребен Ви е соодветен начин на преместување на Вашата работа од Вашите простории во облакот. Можеме да Ви помогнеме со тоа.

Миграцијата во облак може да се однесува на наследена инфраструктура или преместување од еден облак во друг. Потребна е голема подготовка и работа однапред, но наградата за тоа е што ќе заштедите на трошоци и ќе добиете поголема флексибилност. Нудиме 5 различни опции за миграција во облак:

Повторно хостирање

Обично се користи моделот IaaS и можеме да ја пресоздадеме архитектурата на апликацијата на нова инфраструктура.

Рефакторирање

Користиме постоечки код и рамки и ја ги пуштаме апликациите на нашата платформа PaaS.

Ревидирање

Како дел од оваа стратегија може да биде делумно преправање на кодот или проширување на неговата база или пуштање во употреба преку процесот на повторно хостирање или рефакторирање.

Повторно градење

Со процесот на повторно градење, одбирате целосно преправање и измена на комплетната архитектура на апликацијата и пуштање на платформата PaaS. Ова е интензивен процес, но ќе биде продуктивен за програмерите, бидејќи така ќе може да користат модерни функции.

Замена

Доколку Вашата одлука е да ги целосно да ги отфрлите старите апликации и да користите готови SaaS-апликации, тогаш процесот на замена може да биде Вашата опција за миграција во облак.

Особено е важно да се спомене дека, покрај со стратегија, тимот на Quantox може да Ви помогне да се интегрирате со каков било вид облак – јавен облак, приватен, хибриден или мулти-облак. Сѐ зависи од неговата намена и тоа што го сакате за Вашиот бизнис.