Quantox Technology

ПОДАТОЦИ & ВИ

Зграпчете ја тековната технолошка трансформација и зајакнете ги логистичките операции

Раководење со аналитика и структура на податоци на највисоко ниво

Data And AI

Информациите се валута

Технологијата овозможи создавање и чување сѐ поголеми количини информации, а количините на податоци достигнаа несогледливи величини. Околу 90 проценти од податоците во светот беа создадени во последните две години. Но овие податоци честопати само фигурираат и претежно остануваат недопрени.

Богатството на податоците кои се собираат и чуваат може да донесе трансформативни придобивки за организациите ширум светот. Тука настапува нашата експертиза.

Вештачка интелигенција

За првпат, традиционалните човечки способности може да се заменат со софтвер, евтино и во голем обем. Вештачката интелигенција (ВИ) може да се примени во секој сектор за да овозможи нови можности и да ја подобри ефикасноста.

Зошто ВИ?

• Овозможува софтверот да спроведува операции како разбирање, резонирање, планирање, комуникација и перцепција на ефективен и ефикасен начин и со ниски трошоци.

• Аналитички задачи, вклучително наоѓање шаблони во податоци, кои софтверот ги вршел со години, сега може да се вршат поефикасно.

• Создавање нови можности во различни бизнис-сектори и кориснички апликации.

Развиваме ВИ-решенија - од концепт до финална апликација

Развиваме сигурни ВИ-апликации кои се создадени за скалирање. Нашето искуство со развивање ВИ-апликации покрива различни примени на машинско учење – од компјутерска визија до обработка на природен јазик и од софтвери за препораки до софтвери за предвидување.

Можеме да ви помогнеме:

• Откријте ги случаите на користење ВИ преку примена на внимателно изработен бизнис-пристап

• Одлучете се за технолошкиот пакет кој носи долгорочен успех

• Развивајте нови решенија користејќи низа докажани алгоритми и најмодерни технологии

Бизнис-интелигенција

Бизнисите и организациите имаат прашања и цели. За да одговорат на овие прашања и да го следат учинокот, тие собираат податоци, ги анализираат и одлучуваат кои дејства да ги преземат.

Бизнис-интелигенцијата (БИ) може да им помогне на компаниите да донесат подобри одлуки преку прикажување сегашни и историски податоци во рамките на нивниот бизнис-контекст. Во неа се спојуваат бизнис-анализата, визуелизацијата на податоци, статистичката анализа и најдобрите практики, со цел да им се помогне на организациите да носат повеќе одлуки засновани на податоци.

Како БИ може да им помогне на компаниите да носат попаметни одлуки засновани на податоци.

• Идентификува начини за зголемување на профитот
• Го анализира однесувањето на клиентит
• Ја споредува Вашата организација со конкурентите
• Го бележи учинокот на продажбата
• Воочува пазарни трендови

Поглед на Вашиот бизнис од 360°

Ние им помагаме на организациите да го адресираат секој чекор во циклусот на самоуслужната аналитика – подготовка на податоци, анализа и известување како и споделување и управување. Давањето смисла на Вашите податоци користејќи модерни и интерактивни контролни табли е она што го правиме најдобро.

Можеме да Ви помогнеме:

• Поставете си ги вистинските прашања и одлучете за потребите за известување
• Анализирајте и визуелизирајте податоци и создадете прекрасни контролни табли
• Раководете и управувајте со Вашите податоци.

Вистинска вредност во денешната ера

Големите податоци и аналитиката се еволуирачки области со голем потенцијал. Секој ден на глобално ниво се развиваат бројни апликации, што резултира со огромно секојдневно зголемување на податоците.

Но, не е важна количината на податоци, туку што прават организациите со податоците. Компаниите и организациите сѐ почесто доаѓаат до заклучок дека ако ги собираат и соодветно ги анализираат сите податоци кои се влеваат во нивните бизниси, тие ќе можат да извлечат значајна вредност од нив.

Големите податоци се анализираат за важни увиди кои водат кон подобри одлуки и стратешки бизнис-потези.

Големите податоци ги менуваат правилата на игра

Големи податоци е термин кој опишува масивни количини податоци – и структурирани и неструктурирани – кои доаѓаат како производ на секојдневната работа.

Бизнисите кои користат податоци на ефективен начин имаат потенцијал за предност во однос на конкуренцијата, поради подоброто разбирање на желбите на клиентите и побрзите бизнис-одлуки поткрепени од вредни податочни увиди.

Аналитиката на големите податоци им помага на компаниите да го разберат однесувањето на клиентите и да изнајдат нови и подобрени решенија според препознаените интереси и потреби.

Фактор на успех

Можеме да Ви помогнеме да идентификувате нови можности за Вашиот бизнис.
Големите податоци стапуваат овде на сцена.

Големите податоци се обемни, брзорастечки и разновидни информациски средства за кои се потребни иновативни начини на обработка на информации со мали трошоци, коишто ние ги обезбедуваме за нашите клиенти.

Нашиот тим, кој ефикасно работи со податоци и користи аналитика на големи податоци, може да даде експертски придонес за Вашиот систем и да го подобри работењето – обезбедувајќи подобри кориснички услуги, создавајќи персонализирани доживувања и на крај зголемувајќи го целосниот приход и профит.

Изборот на искусен партнер води кон потполно согледување на работењето и опкружувањето, како и кон ефикасно носење одлуки.