Quantox Technology

Сервиси за управување со инфраструктура

Сервисите за управување со инфраструктура (IMS) се систем кој обезбедува структура и контрола на функциите кои вршат разни технички операции. IMS-системот е поврзан со хардвер, софтвер и мрежа во виртуелни но и физички средини. Управувањето со ИТ-инфраструктура вклучува управување со процеси, политики, опрема, податоци, човечки ресурси и надворешни контакти со цел обезбедување глатко работење.

Во ерата на дигиталната трансформација, особено е важно да одберете сигурен партнер и да не одите по потешкиот пат – да поседувате и раководите со Ваши ИТ-системи. Благодарение на обработката во облак, Quantox може целосно да ја промени организацијата на работа и да Ви помогне да се фокусирате на примарните секојдневни работни задачи. Нудиме 3 модели за аутсорсирање на управувањето со инфраструктура:

Инфраструктура како сервис

Главната цел на Quantox, како Ваш партнер за IMS, е да ја преземе грижата за Вашите физичка инфраструктура и потреби за управување. Ние се грижиме за серверите, мрежите и целиот процес на виртуелизација.

Платформа како сервис (PaaS)

Покрај грижата за физичката инфраструктура, овој модел опфаќа и аутсорсирање развојни платформи. Нашата работа е да ја подобриме продуктивноста на програмерите. Давајќи Ви директна поддршка, сакаме да го направиме Вашиот бизнис поагилен и да овозможиме брз развој и почеста испорака.

Софтвер како сервис (SaaS)

Доколку имате готов софтверски производ, тогаш овој модел совршено ќе Ви одговара. Од една страна, може да пристапувате до Вашите производи преку веб-портал, а од друга страна, Quantox ќе управува со целата ИТ-инфраструктура која е потребна за испорака на апликацијата. Одбирајќи го овој модел на соработка, Вие одбирате пристапност 24/7 и заштедувате значајно време.

Сервисите за управување со инфраструктура на Quantox Ви обезбедуваат повратни информации во реално време за здравјето на Вашата физичка и виртуелна актива, Ве информираат за распределбата на ресурси и оперативните одлуки. Ќе може да групирате податоци ширум мрежата и да ги користите за одлуки поврзани со управувањето на инфраструктурата.