Quantox Technology

ИТ-Поддршка

Фокусирајте се на суштината на Вашиот бизнис со пониски трошоци

Целосна ИТ-поддршка. Целосно изградена инфраструктура.

Растоварете го Вашиот бизнис

Во една динамична бизнис-средина, ИТ-поддршката е повеќе од помош.
Таа Ви дозволува да посветите повеќе време на суштината на Вашиот бизнис, да заштедите пари и да спречите ризици.

Со цел глатко, ефикасно и ефективно водење бизнис, компаниите бараат разни видови ИТ-услуги – од иницијални поставувања, инсталација и конфигурација на опрема до одржување систем, постојана поддршка, набљудување, планови за спречување ризик и корисничка поддршка.

Со ИТ-подддршка и услуги, една организација може да го оствари целиот потенцијал на својата мрежа и да ги следи најдобрите практики за обезбедување на дигиталната актива. Уште повеќе, системите за поддршка имаат за цел да го премостат јазот помеѓу корисниците и компаниите, што резултира со долготрајни односи со корисниците.

Зошто?

Прекините поврзани со ИТ чинат многу на повеќе нивоа.
ИТ-поддршката за бизниси е повеќе од решавање проблеми и одговарање прашања.

Услугите на ИТ-поддршка опфаќаат оптимизирање на перформансите на мрежата, зајакнување на односите со корисниците и обезбедување безбедност.

Со стручен, разновиден и агилен партнер за услуги, сите прашања поврзани со ИТ ќе се решат и спречат и ќе се обезбеди целосна стабилност на ИТ-инфраструктурата.

Оснажен бизнис

Нашиот делокруг

Сервис за ИТ-поддршка

Со тоа што е првата и централната точка за контакт со корисници во врска со сите прашања поврзани со производите и услугите на клиентите, сервисот за ИТ-поддршка е систем за поддршка кој ги зајакнува и подобрува односите помеѓу корисниците и компаниите.

Примарната цел на софтверот за поддршка е да отстранува проблеми, да дава одговори на прашањата на корисниците на брз и ефикасен начин и да обезбедува најдобра услуга.

Од B2B до B2C, сервисот за ИТ-поддршка е погоден за различни кориснички сегменти, ставајќи ги корисниците на прво место и со главна цел да ги задоволи потребите на корисниците и да го зголеми нивното задоволство.

Поддршка за MSP

Провајдерот на управувани услуги (MSP) има целосно изградена инсфраструктура и, со тоа што е Ваш сигурен партнер во управувањето со мрежните операции, нуди услуга за поддршка со која клиентите може да пријават проблеми и да добијат помош.

Главниот фокус на еден сервис за поддршка е решавање проблеми, но тој треба да извршува различни функции за Вашиот бизнис – да обезбедува директен контакт со корисниците, да одговара прашања, да заштедува време и да го мери задоволството на корисниците.

Со добро организиран сервис за поддршка се обезбедуваат насоки за работниот тек, а решавањето на проблемите на корисниците е побрзо и полесно. Понатаму, нашите вработени од сервисот за поддршка може да препорачаат можно решение за дадениот проблем како и нова услуга или нов пристап според потребите.

ИТ-поддршка од далечина

Обезбедувањето целосен и скалабилен модел на ИТ-поддршка ѝ дозволува на Вашата компанија да ги зајакне интерните тимови и да интегрира дополнителни ИТ-услуги со Вашите интерни процеси.

Решенијата за поддршка од далечина може да значат поголема ефикасност со лесно скалирање на барањата и агилен тим како потпора.

Од брзо отстранување проблеми, проактивно набљудување на работењето на опремата до опоравување од катастрофа и планирање резервна локација за Вашите податоци, нашиот тим останува со Вас со широк спектар на технички вештини и соодветни решенија.

Аутсорсирана ИТ-поддршка

Главните поволности на аутсорсираните ИТ-услуги опфаќаат целосно заштедување трошоци, поголема флексибилност за скалирање и многу помали шанси за прекини.

Како специјализиран, искусен партнер за аутсорсирање со комплетно изградена инфраструктура, ние нудиме покривање во секое време, набљудување и посветени специјалисти за да ги решат сите проблеми поврзани со ИТ во краток временски период.

Мудриот избор на аутсорсирана поддршка резултира со ефикасно решавање проблеми, чувство на безбедност и повеќе време за суштината на бизнисот.

Аутсорсирана техничка поддршка

Техничката поддршка има за цел да ги решава техничките прашања на корисниците, нудејќи поддршка за општи проблеми и ескалирани технички проблеми.

Примарната работа на вработените во секторот за техничка поддршка е да им помогнат на корисниците да решат комплексни технички проблеми, па оттаму тие треба да имаат големо техничко знаење. Сѐ што бара технички надзор или поддршка поврзана со софтвер е опфатено во овој вид поддршка со кој може успешно да се управува од далечина со соодветните специјалисти и инфраструктура.

Со нашите ресурси, техничката поддршка не е ограничена само на системска администрација, туку обезбедува поддршка за системите кои ги градиме за Вас, по мерка на потребите на Вашиот бизнис.

Аутсорсирање на бизнис-процесите

Технологијата се движи со голема брзина, а компаниите мора да реагираат брзо на новите трендови и предизвици. Аутсорсирањето бизнис-процеси за дополнителни области станува сѐ поважна и повредна помош во градењето на Вашата бизнис-приказна.

Затоа, треба да изберете уредување видео или фотографија или виртуелна асистенција за создавање содржини, внес на податоци или администрирање веб-сајт. Овој вид поддршка ќе го зајакне Вашиот тим, а Вие ќе ги постигнете главните цели на Вашиот бизнис полесно и со помали трошоци.

Точка на разлика

Quality IT support contains all kinds of processes, resources, and capabilities a business needs to ensure continuous operations in an agile, fast and cost-efficient manner.

We are bringing skills, expertise, technology, processes, and innovation from supporting many operations and could make a point of difference with a significant impact on your overall business.

As your partner, Quantox is ready to get you ahead.